Divine logo - links to Victorian Government Disability Online Community
Home Accessibility Tips Site Map Contact Us

Macedonian/Македонски¸

Може да добиете писмени и усни информации за картичката Companion Card на македонски јазик на следните начини:

Симнете документи од интернет:
  • Може да го симнете прирачникот Companion Card Cardholder Handbook (Прирачник за сопственикот на картичката Companion Card )(PDF, 552KB, 20 страници) на македонски јазик, кој содржи информации за програмата Companion Card, вклучувајќи и кој ги исполнува условите за добивање и какви се околностите и условите за користење на картичката Companion Card. Oвој документ ги наведува потребните информации за пополнување на формуларот за добивање на картичката. Овој прирачник е во Adobe Portable Document Format (PDF). За да дојдете до овој документ, ќе ви треба програмата Adobe Reader. Таа програма често е веќе инсталирана на вашиот компјутер; ако не е, ќе треба да ја симнете од местото на интернет на Аdobe (http://www.adobe.com/products/acrobat/readstep2.html). Ако имате било какви тешкотии со симнувањето на било кој прилог (attachment), ве молиме испратете електронска порака на: Companion Card webmaster@companioncard.org.au или погледнете подолу за други начини за добивање на документите.
  • Може да го симнете формуларот за добивање на картичката Companion Card (PDF, 213KB, 16 страници). Ако сакате да поднесете барање за картичка Companion Card, мора да го отпечатите и пополните молбениот формулар. Овој формулар е напишан на англиски јазик и мора да се пополни на англиски јазик. Овој Прирачник е даден во формат Adobe PDF.

Снимени информации:

  • Може да слушате снимени информации за картичката Companion Card на македонски јазик ако телефонирате на 1300 305 609.

Јавете се на Информативната линија за картичката Companion Card:

  • Ако информацијата што ви треба не е опфатена во овој прирачник или во снимените информации на информативната линија, персоналот на Информативната линија за картичката Companion Card може да ви одговори на прашањето. Јавете се на линијата со снимени информации и следете ги упатствата за да се поврзете директно со преведувач за македонски јазик кој ќе ви помогне да разговарате со Информативната линија за картичката Companion Card.
  • Ако лицето што се распрашува зборува англиски јазик, најдобро и најпросто е да се јави директно на Информативната линија за картичката Companion Card, телефон 1800 650 611.

Нека ви ги пратат документите по пошта:

  • Информативната линија за картичката Companion Card може да организира да ви се испратат по пошта Прирачникот за сопственикот на картичката и Молбениот формулар, ако не сакате директно да ги симнете од интернет.